Заврши турнирот во одбојка на песок Veles Open 2016
Викендов од 25-ти до 27-ми во организација на ГОК „Борец“ а под покровителство на Општина Велес на одбојкарскиот терен во градскиот парк се одржа тутрнир во одбојка на песок на кои учество земаа натпреварувачи во три категории. Аматери мажи, професинални играчи во машка и женска категорија.Турнирот измина во прекрасна атмосфера со доста публика и претставуваше вистински празник на одбојката.Одличната организација доби кулминација со финалните натпревари по кои ги добивме победниците во сите три категории и тоа аматери мажи со своено прво место на Бојан Владов од Велес и Јован Илиевски од Крушево. Второ место освоија Влатко Миров и Тоше Шкортов од Велес и трето место Горе Цветков и Саше Ангелов од Велес.
Од категоријата професионални жени прво место освоија Еми Поп Јорданова и Марија Трајковска од Скопје, второ место издвоија Сандра Ноневска и Емилија Ивановска од Велес и трето место Моника Јанјевич и Тамара Стојанова од Скопје.
Од категоријата професионалци мажи прво место освоија Дејан Димовски и Бобан Темелков од Велес, Саше Ивкович и Лазе Хаџиев од Велес издвоија второ место додека трето место Жарко Колев и Боран Давчев од Велес.