Заврши 12-тата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори”
Во саботата во Куќата на Касапови, свечено беше означен крајот на 12-тата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори”. И оваа година куќите на уметноста беа дом на големото семејство на сликари и свратилиште за сите намерници, љубители на уметноста. Домашните и странски учесници од Русија, Турција, Словачка, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, со нивните дела ја дополнија уметничката ризница на Велес и станаа дел од плејадата творци трајно вградени во нашето културно милје.
На официјалното затворање на Колонијата на учесниците им беа врачени благодарници и пригодни подароци со кои градот и симболично ја изразува благодарноста за новосоздадените уметнички вредности. Делата од дванесеттата Ликовна колонија „Папрадишки мајстори“ традиционално пред граѓаните на Велес ќе бидат претставени на изложба на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес.