ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ НА ПАРТНЕР СЕМЕЈСТВАТА

Хабитат Македонија денес организираше настан на кој се доделија сертификатите за комлетирано волонтирање на партнер-семејства кои претходно беа селектирани во Програмата за нови градби во Велес. Волонтирањето од 400 часа беше предуслов за потврдување на селекцијата на партнер-семејствата, пред потпишување на договор за одобрениот стан во новата зграда на Хабитат во Велес.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и членови на волонтерскиот тим на корпорацијата Thrivent од САД.

Од оваа компанија 30 врвни менаџери волонтираа во Македонија вклучувајки го и нивниот главен извршен директор кој истовремено е член на Управниот одбор на Habitat for Humanity International.