ПИТИЈАДА 2016

Питијадата како културна манифестација oваа година се одржува по 13-ти пат. Терминот на одржување е 7, 8 и 9-ти октомври 2016 година. И оваа година на истата локација на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“.
Од страна на градоначалникот Славчо Чадиев денес, на прес-конференција беа соопштени сите детали околу организацијата на претстојната манифестација како и богатата музичка програма за овој настан.

Во овој дел – првата вечер на 7-ми октомври (петок) од 18:00 часот ќе настапат групата Виртус, Елена Велеска, Јордан Митев, групата Маестро, Љубојна и Агушеви и популарната македонска пејачка Каролина Гочева.
Во сабота – во вечерните часови ќе настапат Антонија Гигоска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и Тропико Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на еден од најпознатите балкански музички изведувачи Жељко Јоксимовиќ.
На 9-ти октомври (недела) бината е резервирана за Eye Cue, Нокаут, ДНК и популарните Ван Гог чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.
Од големо значење е и соработката со бизнис секторот во Велес што се вклучи и ја помогна организацијата на Питијадата. Исто така, свој придонес имаат медиумите и јавните гласила кои помагаат веста за претстојниот настан да допре до секој човек.
Општина Велес ги поканува граѓаните на Велес, но и граѓаните на Република Македонија да ја посетат манифестацијата и преку негувањето на традицијата да помогнат во зачувувањето на брендот на Велес.