Вардарскиот плански регион, Источениот плански регион, Универзитетот “Климент Охридски” и Универзитетот “Гоце Делчев”, склучија Меморандум за соработка

Денес во Општина Велес, Советот за развој на Вардарски плански регион претставуван од Претседателот М-р Славчо Чадиев, Советот за развој на Источен плански регион претставуван од Претседателот Г. Ратко Димитровски, Универзитетот “Климент Охридски” претставуван од Ректор Проф. д-р Сашо Коруновски и Универзитетот “Гоце Делчев” претставуван од Проф. д-р Блажо Боев, склучија Меморандум за соработка со цел да дејствуваат координирано за остварување на заеднички договорни цели, стремејќи се да го охрабрат понатамошниот развој на односите помеѓу четирите институции и да ја зајакнат соработката во областите од заеднички интерес.

Советите за развој на планските региони и универзитетите се обврзаа дека ќе соработуваат во колку што е можно поширок круг на области и на сите нивоа на општествено – економскиот живот. Заедно ќе се залагаат да иницираат развој, спроведување на проекти, привлекување на ресурси, како и за подобрување на квалитетот, пристапот и начинот на комуникација помеѓу јавните институции, сервиси и бизнис заедницата во Вардарски плански регион.