Свечено одбележан 28-ми Септември Меѓународниот ден на Бошњаците

Денес во просториите ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Оризари со свечена програма започна одбележувањето на 28-ми Септември Меѓународниот ден на Бошњаците. На одбележувањето присуствуваше градоначалникот Славчо Чадиев, претставници од Советот на Општина Велес и истакнати професори. По програмата на учениците од ова основно училиште кои ја претставија културата и традицијата на Бошњаците следеше трибина на тема „Статусот на Бошњаците во Р. Македонија низ призмата на Охридскиот рамковен договор“.

Манифестацијата заврши со дегустација на Бошњачката кујна која беше збогатена со македонски, турски и албански специјалитети.
Овој светски празнуван ден е само уште еден поттик за засилување на меѓуетничката соработка, градење на мултиетничко општество, мотив за бришење на стереотипите и предрасудите, затоа што сите заедно можеме подобро да градиме иднина.