Се уредува зелената површина кај „Здравствениот дом”
Привршуваат активностите на ЈКП „Дервен” за уредување на зелената површина непосредно до зградата на „Здравствениот дом”. За таа цел неодамна беа засадени 10 листопадни дрвја и 27 зимзелени дрвја. Во тек е сеењето на тревата и садењето на ниски грмушки, за да во следниот период биде насаден и цветен расад.
На целата површина е веќе поставен и систем за наводнување и жардиниери за уредување на косините. Инаку активностите за уредување на оваа локација беа предвидени во Програмата за подигнување на нови зелени површини за 2016 година која е усвоена на седница на Советот на Општина Велес.