Поставени се термо-изолационите фасади во ОЈУДГ „Димче Мирчев“
Денес во детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во присуство на Евро Амбасадорот Самуел Жбогар со пригодна програма беше означен крајот на градежните работи во пет од шестте клона на детската градинка.
Проектот кој се однесуваше на инсталација на термо-изолациона фасада на пет од шестте клона на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“ беше финансиран од Европската Унија преку ИПА прекуграничната програма помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Реконструкцијата на фасадите и инсталацијата на термо-изолациона фасада значи и заштеда на финансиски средства, средства кои во иднина можат да се искористат за подобрување на објектите од други аспекти како и подобрување на условите за престој на дечињата во градинката.
Со мерките за енергетска ефикасност што ги спроведуваме на локално ниво градиме систем на континуирано подобрување на енергетската ефикасност обезбедуваме заштеда на топлинската енергија. Со тоа обезбедуваме средства кои можат да бидат искористени за други активности и истовремено придонесуваме за заштита на животната средина.
Благодарение на заштедите на средствата од проектот, предвидено е во наредниот период да се реализира и инсталација на термо-изолациона фасада и на последниот шестти клон од детската градинка односно клонот 1 кој се наоѓа во населба „ Дворови“.
Општина Велес аплицираше и на последниот повик на ИПА прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција и се надеваме повторно да добиеме средства со кои ќе можеме да спроведеме и други проекти од потреба на граѓаните.