Започна традиционалниот турнир во шах
Во Ликовниот салон во организација на Општина Велес и ОО на Сојуз на борци Велес, а во пресрет на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, се одржа турнир во шах. Турнирот е од натпреварувачки карактер, а настанот се искористи и за одигрување на еден натпревар со поставените фигури кои се наоѓаат на плочникот пред Ликовниот салон.
На победниците од одиграните натпревари, свечено ќе им бидат доделени наградите, на манифестацијата која ќе се одржи на Спомен-костурницата во пресрет на големиот празник.