Прва меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата IRSC 2016
Од 29.09-01.10.2016 година во Скопје се одржа првата Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата на тема: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за дејствување“.
На Конференцијата присуствуваа претставници од сите надлежни институции од земјите од регионот, претставници од науката, просефори, аналитичари, експерти, претставници од релевантни меѓународни организации и здруженија сè со цел размена на ставови, мислења и сугестии за ефикасно управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа.
Од Општина Велес на конференцијата присуствуваа Претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Саше Андреевски и преставникот од Општина Велес, Славица Переска.
По завршување на Првата меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување, беше усвоена Декларација со која сите земји учеснички на Конференцијата се обврзаа да ги преземат сите неопходни мерки за засилување и унапредување на меѓусебната соработка и размена на искуства, знаења и добри практики, преку континуирана организација на заеднички конференции, стручни и научни собири и заедничка реализација на научно истражувачки активности. Исто така од оваа конференција произлегоа и неколку заклучоци, а заедничкото мото на сите учесници е: „Интензивно дејствување и засилена соработка за помалку повредени и загинати на патиштата во Југоисточна Европа“.