Одбележан Светскиот ден за борба против гладот

Општина Велес во досегашниот период има интензивна соработката со граѓанските организации и институциите од областа на социјалната заштита. Особено е изразена соработката со Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Центарот за социјална работа. Токму оваа соработка придонесе помошта што Општина Велес ја дава на граѓаните кои за тоа имаат потреба да биде упатена на вистинското место.

Денес кога светот го одбележува Меѓународниот ден за борба против гладот, градоначалникот Славчо Чадиев на претседателот на Црвениот крст на Македонија и претседател на ОО на Црвен крст Велес, д-р Милчо Трајков симболично му го додели решението со кое на 10 семејства ќе им се помогне со по 2.000 денари. Изборот на семејствата на кои општината ќе им додели еднократна помош го извршија заедно Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст.
И овој пат трансферот на средства од општината е направен со ОО на Црвениот крст со цел да се поштедат примателите на помош од очите на јавноста. Општина Велес им искажува благодарност на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст што во континуитет, во текот на целата година водат грижа за луѓето што не се во состојба сами за себе и своето семејство да обезбедат достојни услови за живот.