ООУ „Васил Главинов“ и ООУ „Рајко Жинзифов“ од Г. Оризари второ и трето место на конкурсот за најбезбедни и најчисти училишта

Министерството за образование и наука во соработка со ОБСЕ ги доделија овогодинешните награди за најбезбедни и најчисти училишта во државата. Две од трите награди им припаднаа на велешки училишта.Второто место на конкурсот го освои ООУ„Васил Главинов“ ,а трети се ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари.Комисијата која била задолжена да ги оценува училиштата проверувала многу критериуми кои овие две институции ги исполнувале речиси во целост.

„Нашите кабинети се безбедни, имаме лифт за лица со посебни потреби, сигурносни камери и секако функционална противпожарна заштита. Оваа награда ни значи многу, но таа ќе биде и стремеж да останеме на ова ниво па и да се подобриме„рече Лилјана Николовска директор на ООУ „Васил Главинов“.
„Благодарност до сите кои се дел од ова награда ,а тоа се учениците, наставниците и нивните родители. Ова за нас е многу значајна награда затоа што ни покажа дека иако сме од рурална средина можеме да бидеме на исто рамниште со градските училишта„вели Рамо Биберовиќ директор ООУ „Рајко Жинзифов“.
Проектот за најчисто и најбезбедно училиште, Министерството за образование и наука го реализира трета година по ред.