Се реновира улица од 420 метри во село Бузалково

Една од најголемите улици во село Бузалково започна да се реновира. Екипи на фирмата изведувач се на терен. Денеска завршуваат подготвителните работи. Извршено е тампонирање и се поставуваат ивичници, а од утре започнува поставување на мрежа и бетонирање на улицата. Градежните работи се изведуват во горниот дел на селото. Улицата е со вкупна должина од 420 метри. На овој потег има 60-тина семејни куќи во кои живеат скоро 500 жители.

„Од утре започнува бетонирањето. Очекуваме целиот проект да биде готов за 10-тина денови. Ивичници поставуваме само од левата страна ,затоа што на десната во наредниот период треба да се изведе водоводна мрежа. Реконструкцијата на улицита е дел од програмата за работа на локалната самоуправа и чини 1,5 милиони денари„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Ова е трета улица која се реновира во едно од најголемите велешки села, во последните три години.