АМБАСАДОРКАТА НА БИХ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА ВЕЛЕС
Амбасадорката на Босна и Херцеговина во Р. Македонија, Лепа Бабиќ денеска беше во посета на Општина Велес. Со Градоначалникот Славчо Чадиев разговараа за можна бизнис соработка помеѓу Велес и општини од БиХ.На средбата беше речено дека потенцијалите се големи. Општините од двете држави може да соработуваат на повеќе полиња, а токму Велес е избран поради добрите можности кои ги нуди.
Освен соработка, неколку општини од БиХ понудиле и збратимување со Општина Велес. На тој начин ќе се развијат подобри односи од кои се очекува да произлезе и конкретна реализација на заеднички проекти.На денешната средба Чадиев – Бабиќ присувствуваше и бизнисменот Кочо Анѓушев кој може да биде алка за иден заеднички локален развој.