Делегација од Свиштов во посета на Велес
Делегација од збратимениот град Свиштов, Република Бугарија е во посета на Општина Велес. Целта е да се разменат искуства и добри практики на полето на образованието. Претставниците од бугарската делегација ќе ги посетат училиштата, градинките и ученичкиот дом за да го видат начинот на кој тие функционират. Денеска ја посетија општината. Градоначалникот Чадиев им посака добредојде. Им порача дека Општина Велес им стои на располагање, евентуална помош и асистенција во сите општествени дејности. „Образованието е голема и комплексна дејност.
Кај нас речиси сите институции се под ингеренции на Општината. Работиме доста на тоа поле. Во последниве години реализирани се низа проекти со кои го подобруваме квалитетот во образовниот процес, но голем дел се и за финаскиско олеснување на семејствата, затоа се воведе бесплатен превоз за учениците ,бесплатни учебници и бесплатно смествување во ученичките домови„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. На денешната средба беа продлабочени линиите на пријателство помеѓу Велес и Свиштов. Воедно, градоначалникот најави дека наредната година ќе се организира предавање на кое ќе бидат презнтирани можностите за студирање во збратимениот град.