Претседателот Иванов во посета на Општина Велес

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска во посета на Општина Велес. Тој оствари средба со Градоначалникот Славчо Чадиев, на која присувствуваше и пратеникот Илија Димовски. На средбата Градоначалникот ги презентираше сите проекти кои локалната самоуправа досега ги реализираше во 2016 година, а воедно Претседателот Иванов ја слушна визијата за идниот развој на градот. Освен во општината, Претседателот денеска ја посети и Повардарската Епархија, каде разговараше со Митрополит Повардарски Г. Агатангел, а потоа беше во компанијата „Маркарт“ во Индустриската зона „Караслари“.

Таму изврши обиколка на производствените погони. Раководниот тим на фабриката ги презентираше капацитетите на фабриката, досегашните успеси, но и идните планови. Посетата на Општина Велес Иванов и Чадиев ја завршија на средба со претставниците на бизнис секторот, на која се разговараше за подобрување на економската слика и можностите за развој.