Прва детска градинка во рурална средина на Општина Велес
Велешкото село Караслари ќе добие детска градинка. На тој начин ќе стане првото населено место во рурална средина на Општина Велес каде има образовна институција од ваков тип.
Градоначалникот Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид на објектот.„Ова е прва градинка која ја отвораме во рурална средина. Целта ни е децата од овие места да добиваат предучилишно образование како и децата кои живеат во градската средина. Караслари е едно од населените места каде бројот на жители е конзистентен.
Дел од родителите досега ги носеа нивните деца во градинките во градот. Освен во ова населено месно секако дека размислуваме во идина да отвориме градинки и во останатите населени места каде има потреба од нив„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.Проектот е при крај. За негова реализиција потрошени се 800 000 денари.Новата детска градинка ги има сите услови. Објектот располага со две простории за престој на децата, спална, менза, тоалет за деца и за возрасни. Капацитетот за сместување е 30 деца.Во иднина сериозно се размислува градинката да ја користат и родителите кои работата во фабриките во индустриксата зона во Караслари.