Општина Велес ќе собира предлози во програмите за работа за 2017

Транспарентноста одсекогаш била главна карактеристика на Општина Велес. Така ќе биде и во иднина. Со години наназад ги вклучуваме граѓаните ,организациите, здруженијата ,спортските клубови, невладиниот сектор во изготвувањето на конечните предлог-програми за работа на Општина Велес.Истата пракса останува и годинава. Доколку Советот на Општина Велес на денешната 59-та седница ги утврди нацрт-програмите,ние веднаш ќе пристапиме кон одржување на јавна расправа по нив.Првично е предвидено јавната расправа по сите 13 нацрт- програми да се одржи на 07.11.2016 година (понеделник) во Големата сала на Општина Велес со почеток во 17:30 часот.

На јавните расправи очекувме одзив со поголем дел на здруженијата, невладините организации ,спортските клубови и граѓаните, кои сакаат да дадат предлози, идеи и сугестии за подобро функцинирање на Општината.
Службите во локалната самоуправа потоа ќе ги разгледаат сите, а најдорбите и најиздражните ќе бидат вклучени во предлог програмата за работа на локалната самоуправа во наредната 2017 година.
Досегашните искуства покажуваат дека на јавните расправи честопати произлегувале добри предлози. Очекуваме така да биде сега.