Jавна расправа по нацрт програмите за работа на општината
Граѓанските организации, невладиниот сектор, претставните на Урбаните и Месните заедници ги дадоа своите предлози, идеи и сугестии за подобро функционирање на Општина Велес. Вечерва се одржа јавната расправа по сите 13 нацрт-програми за работа на локалната самоуправа во 2017 година. Заштитата на животната средина, урбанизмот, инфраструктурата, комуналните дејности, поддршката навладините организации беа дел од темите за кои најмногу се дискутираше. Сите идеи и проекти кои ги предложија учесниците на јавната расправа ќе бидат разгледани и дел од нив вметнати во конечните продлог програми за работа на Општината во наредната година кои ќе се најдат на дневен ред на наредната 60-та седница на Советот на Општина Велес.
Интересот кој го покажаа присутните, одново е доказ за транспарентноста и отчетноста на локланата самоуправа. Ваквиот начин на донесување на најважните документи продолжува и во иднина.