Хидрауличен лифт за лица со посебни потреби во домашни услови

Општина Велес и Здружението на лица заболени со церебрална парализа денеска донираа „Хидрауличен лифт за лица со посебни потреби во домашни услови“. Активноста е дел од акциониот план со кој им се помага на лицата со посебни потреби. Градоначалникот Славчо Чадиев, го предаде новото помагало за браќата во семејството Димитриевски кои од денеска можат полесно да се движат низ својот дом. Тие боледуваат од мускулна дистрофија поради што се целосно неподвижни. Овој лифт ќе биде од голема помош за нивната мајка која сега полесно ќе може да се грижи за нив.

Со обезбеден брајов печатар, отворен центар за слепи лица, доделени две елекромоторни инвалидски колички, Општина Велес е лидер во регионот во процесот на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби. Во следниот период е предвидено да се отстранат сите архитектонски бариери во градот кои попречуваат движење на лицата со хендикеп.