ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион денеска потпишаа меморандуми за соработка со Стопанската комора на Македонија – Регионална комора со седиште во Велес.Целта е во наредниот период да се продлабочи соработката на овие институции и да се овозможи посериозен пристап на фирмите до претпристапните фондови на Европската Унија.„Ова е прв меморандум за соработка од ваков вид кој се потпишува во Република Македонија. Очекуваме со него бенефит да имаат најмногу фирмите кои ќе добијат неопходна помош и информации за посериозен пристап и користење на средствата од европските фондови. Крајна цел од сето тоа би било развој на фирмите, подобра економија и секако повисок стандард„вели Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Меморандумот за соработка помеѓу трите институции значи учество, аплицирање и реализација на заеднички проекти, размена на информации од областите од заеднички интерес, решавање на клучни прашања од значење за бизнис секторот во општината, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на локалната самоуправа и регионалната комора, поголемо вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на бизнисот на локално ниво, утврдување и негување на добрите деловни обичаи.Организација на заеднички настани, средби, конференции, тркалезни маси, форуми, стручни расправи, работилници се дел од активностите кои ќе ги користат потписниците на меморандумот за реализиција на целите.Меморандумот е склучен на наопределено време и се заснова врз начелата на рамноправност и независност на сите потписници.