НОВИ ПРОЗОРИ ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
Општина Велес продолжува да ги реализира проектите за енергетска ефикасност во образовните институции. Деновиве на ова поле се работи во Основното училиште „Блаже Конески“. Работници од фирма изведувач се на терен и вршат замена на старите прозори со нови ПВЦ. Согласно договорите и тендерската процедура, нови прозори кои значат поголема енергетска ефикасност преку заштеда на топлинска енергија, ќе бидат поставени во 13 училници во делот каде се изведува предметна настава.
„Се одлучивме да го реализираме овој проект затоа што имаше потреба од него. Прозорите кои се менуваат не нудат енегретска ефикасност. Училиштето има загуби на топлина и затоа се поставуваат нови. Овие 13 училници од предметната настава се првата фаза од реализиција на проектот, во наредниот период ќе се заменат прозорите и во училниците од одделенската настава„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Целокупната инвестиција за реализацијата на овие активности е обезбедена од Општина Велес, согласно програмата за работа. Проектот чини скоро 22 000 евра со вклучен ДДВ.