Шербурскиот замок во новогодишен сјај
Благодарение на креативноста на Секторот „Паркови и зеленило“ при ЈКП Дервен, предводен од инж. Тања Ангелова, макетата на замокот „Равале“ во Младинскиот парк блесна во нов сјај соодветен за Новогодишните и Божиќните празници. Креативната постановка од зеленило и весели новогодишни украси ги привлекува граѓаните од сите генерации, а особено најмладите кои секојдневно доаѓаат да се фотографираат пред замокот. Прекрасна честитка од 50 мината вработени во „Паркови и зеленило“ за своите сограѓани. Ова зимско издание на замокот потврдува дека кога ќе се спојат креативноста и професионалноста, резултатите се восхитувачки и во предновогодишната атмосфера мамат насмевки.