92,33 ПРОЦЕНТИ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ГРАДОТ Е ОД ДОМАЌИНСТВАТА

Општина Велес редовно ги следи податоците за степенот на квалитет на амбиенталниот воздух.
Мерењата покажуваат дека во 2016 година, заклучно со 18.12.2016, 95 дена биле надминати концентрациите на суспендирани ПМ 10 четички, со што Велес е на 15-тото место во државата.
Дури 92,33 проценти од количеството на суспендирани честички произлегуваат како резултат од согорувањето во домашните ложишта. На второ и трето место според податоците за загадување се сообраќајот и индустријата.

Согласно податоците Општина Велес им препорачува на граѓаните:
-Возрасните лица, малите деца, бремените жени, хроничките болни да не се движат на отворено во периодот помеѓу 17:00 и 20:00 кога има најголеми вредности на загадување.
-Да се намали употребата на возилата
-За затоплување на домаќинствата да се користат познати и одобрени енергенси како дрвато или електричната енергија ,а да се избегнуваат прегорено масло, пластика и стара дограма.
Во меѓувреме надлежните од инспекторатот извршија надзор на сите индустриски постројки кои имаат котли и се провери емисијата на загадување.
Како еден од начните за справување со ваквата состојба во иднина, локалната самоуправа е во фаза на изработка на „План за подобрување на амбиенталниот воздух“ кој ќе содржи конкретни мерки и препораки.