Изложба „Рефлексии на херметичноста
Во ликовниот салон во Велес вечерва отворена изложбата „Рефлексии на херметичноста“. Љубителите на уметноста ќе можат да ги погледнат сликите и скулптурите од двајца автори – академскиот сликар Глигор Васков и академскиот скултор Ангел Коруновски. Изложбата содржи 50-тина дела, најмногу апстрактна уметност за која авторите пронашле инспирација од многу внатрешни и надворешни фактори.
Нивните скуплтури и платна се симбиоза на денешното време, идентичниост во мислата во две различни подрачја во уметноста. Васков и Коруновски многу вешто манипулираат со елементите како што се форма, текстура, линија и тонови Тие денеска изразија желба за наредната изложба во дел да ги променат улогите како сликар и вајар.