Пакетчиња за Здружението на лица заболени од церебрална парализа
Членовите на „Здружението на лица заболени од церебрална парализа“ денеска ја одржаа традициналната предновогодишна средба. На средбата присувствуваше и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Тој на сите им подели новогодишни пакетчиња. Општина Велес и годинава продолжи да го реализира акциониот план за лицата со посебни потреби.
Тие одат на бесплатен одмор, донирани се две инвалидски колички, набавен е хидрауличен лифт, се отвори и дневен центар за слепи лица. На денешната средба членовите на „Здружението на лица заболени од церебрална парализа“ добија заложби дека овој начин на работа и поддршка која ја имаат од Општина Велес ќе продолжи и во иднина.