Доделена хуманитарна помош за социјално загрозените семејства

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го реализираше ветеното. Финасиските средства наместо за новогодишни прослави, Општина Велес ги искористи во хуманитарни цели.
Пакети со прехрамбени продукти, средства за хигиена и чек во вредност од 2000 денари добија 40 семејства од Велес кои Меѓуопштинскиот центар за социјални работи ги посочи дека живеат со минимелни финасиски средства.

Помошта денеска им ја донираше градоначалникот. Тој Изрази надеж дека со овој чин барем малку празниците ќе им бидат повесели, со побогата трпеза. Идејата на Општина Велес е ваквата хуманитарна акција да се практикува и во иднина.