ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ОТЧЕТОТ ЗА 2016 ГОДИНА
Почитувани,
Отчетноста и транспарентноста,сенашите главни одлики. Денеска пред Вас медимите и пред јавноста сакаме да презентираме отчет за сработеното во 2016, но и да ги преземтираме најзначајните-капитални проекти кои ги предвидовме за реализација во 2017.
Во оваа година успешно завршивме 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес.
Економијата и натаму останува приоритет број еден. Во 2016 се гордееме со успешната приказна во која прерасна фабриката „Маркарт“, со инвестицијата на „СТС Текстајлс“ во поранешна Свилата и со рестартирањето на Киро Ќичук од страна на македонско – тирската компанија „Еуро Брик Компани“. Со цел привлекување на домашни и странски инвестиции целосно ја уредивме индустриската зона во „Караслари“ и ја оформивме новата во Мамутчево.
Во 2016 година Општина Велес реализираше 38 инфраструктурни проекти. Од нив 26 се однесуваат на реконструкција (асфалтирање и бетонирање) на улици во градската средина и во населените места, а 12 проекти се однесуваат на поставување нови водоводни линии.
Образованието останува една од најзначајните области на кој работиме многу. Во оваа година поставивме нови фасади во пет клонови на детските градински и во ССОУ „Коле Неделковски“. Во ова училиште неодмана го пушптивме и новиот систем за ладење и греење во спортската сала.
Изградивме градинка во Караслари и ново училиште во Сливник.
Велес од секогаш бил град на културата. Во 2016 реализиравме 91 културен настан. Вреди уште еднаш да се спомене „ПИТИЈАДАТА“, која беше најуспешна мафифестација досега. Велес го посетија над 100 000 гости и три дена беше апсолутен центар на Македонија.
Од најгрдата слика во градот, градскиот стадион станува еден од најрепрезентативните објекти во градот. На полето на спортот реализиравме многу проекти. За прв пат организиравме атлетски полумаратон, по трет пат и пливачки маратон, а посебно не радува фактот што финасиски директно ги поддржавме ГРК (ракометниот) и ГОК (одбојкарскиот) клуб „Борец“ , но и посредувавме стабилни спонзори да добијат фудбалските клубови „Борец“ и „Гемиџии“, Кошарскарскиот „Борец Еуро Брик“ и фут-сал клубот „Велес“.
Почитувани во 2016 Продолживме да им помагаме на социјално ранливите категории на граѓани.
Сакам да Ви искажам голема благодарност на Вас граѓаните на Велес за сите пофалби, но и за критиките кои ни ги давате затоа што тие се нашиот коректор во работата.
За претстојната 2017 година, Општина Велес веќе донесе програмите за работа. Ова се дел од најзначајните капитални проекти со чија реализација корист ќе имаат сите граѓани на Велес.
1.Како прв проект предвиден за реализација е „ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР“. Тој воедно е 10 капитален проект ветен во изборната програма од локалните избори. Реализацијата чини 12 милиони денари. Средства кои Општина Велес ги издвои од сопствениот буџет. Ова воедно е 10-тиот капитален проект кој во ветивме во изборната програма. Останатите девет се веќе реализирани.
2.Во 2017 година предвидена е изградба на водоводна линија за Раштани и Бузалково. Со овој проект предвидено е да се поврзат овие две населени места со водата од градскиот водоснабдителен систем и на тој начин трајно да го решат проблемот во чистата вода за пиење. Израбтоката на овој проект предвидено е за биде 12 милиони денари.
3.Во близина на Башино село ќе се реализираат два големи инфраструктирни проекти со вкупна вредност од 9 милиони денари:
- Изградба на нов кружен тен на крстосницата пред Башино село и изградба на пешачки мост кој ќе ги поврзува локалната Црква и гробиштата.
4.Комплетно ќе ги уредиме улиците во населените места Мамутчево и Чалошево, а инфраструктурни проекти ќе се реализраат и во остананите населени места.
5.Во наредната година продолжуваме со реконструкцијата на градскиот стадион. Теренот веќе е во совршена состојба, но во 2017 ќе продолжиме со уредувањето на трибините, осветлувањто, просотрот во околината и останатите пропратни елементи.
Во 2017-та предвидовме уште многу проекти, се со цел да го подобриме квалитетот на животот во градот:
- За прв пат ќе изградиме велосипедска патека, затоа што реално имаме потреба од неа.
- На градскиот парк ќе му го вратиме стариот сјај.
- Предвидовме средства и за уредување на улици во индустриските зони и сателитската населба.
Почитувани,
Наша обврска за сегашните но и за идните генерации и поколенија е да оставиме град кој ќе има услови за просперитет и светла иднина.
2016 година календарски е на крај. За локланата самоуправа беше успешна, исполнета со многу предизвици од кои на крајот излеговме како победници, но и помудри за искуство повеќе. Стојам пред Вас, горд на се што постигнавме заеднички. Општина Велес продолжува да биде вашиот сервис, да ги слуша вашите потреби и да ги решава што побрзо.
Новата 2017 дочекајте ја со многу успех, здравје и бериќет,за Вас и Вашите најблиски
Ви благодарам!