Новогодишна свеченост на Општина Велес
Во салата „Бели Мугри“ се одржа традиционалната Новогодишна свеченст на Оштина Велес. Пред присутните Градоначалникот, Славчо Чадиев ги презентираше достигнувањата, реализираните проекти и резултатите на локланата самоуправа во оваа година на полето на економијата, инфтраструктурата, соцјалната заштита, културата, образованието, спортот итн. „Уште една календарска година е зад нас. Уште една долга битка за поубав град, за посигурна иднина, за спокојство и задоволство од животот во родниот град.
И на крајот на оваа година пред Вас моите сограѓани, пријатели, соработници, последна во мојот 4-ри годишен мандат стојам гордо. Работевме сите заедно со интензивна динамика, со видливи резултати и со успех каков што мојот град и граѓаните го заслужуваат„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. На денешната свеченост традиционално беа прогласени најуспешните во 2016: -Рубинчо Димовски -најдобар полициски службеник -Киро Димовски – пожарникар во ТППЕ Велес -Небојша Цветковиќ – хуманист -Горан Николов – комунален работник. -Марин Јанев – најдобар занаетчија -Ивица Стојчев – најдобар земјоделец. Договори за стипендирање добија 10 средношколци и деветмина студенти за кои претходно Советот на Општина Велес одлучи да бидат стипендијати за оваа учебна година. Признанија и пофалници им се доделија на училиштата и Детските градинки кои собраа најголема количина отпад за рециклирање, како и елетронски отпад.