Новогодишни пакетчиња за децата
Новогодишната мисија на Општина Велес продолжи. Денеска Градоначалникот Славчо Чадиев ги посети ПОУ „Маца Овчарова“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби. За да се подобри празничната атмосфера за сите деца им беа поделени новогодишни пакетчиња. Во Дневниот ценатр за лица со посебни потреби дојдоа и децата без родители кои се сместени во згрижувачки семејства. Како благодарност за подароците, децата подготвија и мала уметничка програма со која се преставија пре гостите.