Претставници од Алзас, Р. Франција во посета на Велес
Претставници од регионот Алзас во Република Франција денеска беа во посета на Општина Велес. Жак Шлеф и Кристијан Рин од асоцијацијата „АЛМА“ остварија средба со Градоначалникот Славчо Чадиев како претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На средбата се разговараше за досегашните активности околу проект „Европски вински патишта“ кој заеднички започна да се рализира во 2014 година.
Двете страни ги договорија и следните чекори: Организација на сеопфатен настан за презентација на регионот Алзас во Вардарскиот плански регион, размена на знаења, вештини и искуства меѓу професионалците во областа на винопроизводството. Основната цел е оваа успешна соработка да биде поттик за бизнис секторот-конкретно винариите за промоција на македонското вино во Алзас. Очекувањата се дека нашите активности ќе станат пример за институционална поддршка на бизнис секторот во Македонија.