Средба со здружение за заштита на животни
Претставник од Здружението за заштита на животни „Animal`s Voice“ денеска на средба со Градоначалникот Славчо Чадиев. Тој дирекно го запозна првиот човек во Општината за актвностите на нивното здружение. Како се постапува со бездомните кучиња, третманот кој го имаат и плановите за во иднина. На средбата заеднички беше констатирано дека е потребно решение за овој проблем.
Ова здружение за заштита на животни во моментов имаат згрижено околу 70-тина кучиња на плац во близина на комплекс УЗУС. Таму секојдневно се ангажирани неколкумина влади велешани кои со многу труд, голема амбиција и љубов кон животните им помагаат на бездомните кучиња.