Локална конференција за социјална инклузија

Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, а во организација на локалните координатори - Здружението на лица со церебрална парализа - Велес ја одржа Локалната конференција за социјална инклузија на млади и жени.

 

Проектот е финансиран од четвртата ИПА компонента за развој на човечки ресурси од страна на ЕУ. Предвидено е 18 општини да креираат локални стратегии за социјална инклузија на млади и жени заедно со сите локални чинители. Целта на оваа локалната конференција беше да се соберaт сите претставници на локално ниво, преставници на институции, граѓански организации кои работат со целни групи жени и млади и истите да учествуваат во формирањето на Локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Велес - ЛАПСИ.

На конференцијата се дискутираше за документите кои постојат на локално ниво, а се однесуваат на социјалната инклузија на маргинализирани групи, а се посочија и конкретните чекори врз основа на кои ќе биде изработена локалната стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Велес.

Заклучено е дека преку градење на локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Велес и континуираната соработка помеѓу институциите и организациите кои работат со млади и жени, а делуваат на територијата на општина Велес, ќе се придонесе кон заедничко решавање на конкретни локални проблеми кои ги засегаат овие две целни групи.