Отворена пошта во населба Тунел

Граѓаните на Велес кои живеат во населбите Тунел, Керамидна и Превалец од денеска ќе добиваат поквалитетни поштенски услуги. Повторно е отвоена поштата на локацијата во населбата „Тунел“. Оваа единица функционираше и во минатото, но подоцна беше затворена. Новата пошта засега ќе работи во една смена. Вратите се отворени од 08:00 со 16:00 часот, но надлежните посочуваат дека можно е да има измена се со цел да се прилагодат кон потребите на граѓаните. Проценките на надлежните се дека директна корист од овој објект ќе имаат околу 6000 граѓани кои гравитираат во овие делови од Велес.