Започна проектот „Реконструкција на улици“ во Мамутчево

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го посети Мамутчево. Повод е почетокот на проектот „Реконструкција на улици“ во ова населено место. Со градежни зафати ќе бидат опфатени седум улици во населеното место. Две ќе се стафалтираат, а останите пет ќе бидат бетонирани. Вкупната површина која ќе се уреди изнесува 1007 метри. По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, основно училиште, верски објект и спортски терен. Директни корисници од овој проект се жителите на ова село, односно околу 350 жители, во околу 80 домаќинства. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 6 милиони денари средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка. Ист ваков проект веќе е отпочнат и во населеното место Чалошево. Таму се изведува реконструкција на улици во должина од 1062 метри.