Се гради препумпна станица на водовод кон Чалошево
Започна изградбата на препумна станица за вода во населбата „Трпезица“. Тоа практично значи дека стартуваше последната фаза од проектот „Водоснабдување за населбата Трпезица и селата Дурутовец и Чалошево“, инвестиција која вреди вкупно 14 милиони денари.
Надминати се сите пречки околу сопственоста и локацијата на која ќе биде објектот. Работници од фирма изведувач се на терен и започнати се градежните работи. Во рамките на проектот поставувае на водоводна линија во должина од близу 5.000 метри. Реализацијата на проектот ќе овозможи обезбедување на исправна вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем на градот Велес, односно донесување на пивка вода до постоечките резервоари за вода како во новата населба „Трпезица”, така и во селата Чалошево и Дурутовец. На овој простор во иднина предвидено е снабдување со чиста вода за околу 5.000 жители.