Средношколците на пракса во Советот на Општина Велес

Дел од учениците во Општинското средно училште „Јовче Тесличков“ присувствуваа на 65-тата седница на Советот на Општина Велес. Повод им беше првата точка од дневниот ред Завршна сметка на Буџетот за 2016 година.

На овој начин тие дирекно се запознаа со начинот на изготвување, методологијата и донесувањето на овој документ кој е многу значаен за функционирањето на секоја компанија. Средношколците од економското училиште беа дел од седницата на Советот на Општина Велес на која се донесе буџетот.