Просветните работници во посета на училиште во Врапчиште
Директорите на училиштатата од Велес и наставниците одговорни за реализацијата на проектот за „Меѓуетничка интеграција во образованието“ со Општинскиот инспектор за образование и претставници на општинската администрација присувствуваа во Основното училиште „Врапчиште“ во Општина Врапчиште. Целта е да се разменат искуства со ова училиште во кое наставниот процес се одвива на три јазици: Македонски, Албански и Турски.
Претставниците во делегацијата од Општина Велес, која наиде на одличен прием од домаќините, научија многу за меѓуетничките односи кои во училиштето во Врапчиште функционираат на највисоко ниво. Воедно се воспоставија и првите напосредни контакти за идна соработка помеѓу училиштата.