Велигденска работилница за лицата по посебни потреби
Претставници од клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст и штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби од Велес денеска ја одржаа традиционаната велигденска работилница. На работилницата тие заеднички украсуваа велигденски јајца.
Ваквата взаемна соработка со младите од Црвен крст е повеќе од добредојдена, особено за развојот на социјалните односи на лицата со посебни потреби и развој на нивните вештини и знаења.