Претседателот Иванов на Велигден со граѓаните на Велес

„Христос воскресна – Навистина воскресна“. Ова се зборовите со кои православните христијани во Велес денеска го прославија најголемиот празник „Велигден“. Денот кога Христос воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот. На овој ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет. Православните храмови во Велес вечерва беа посетени од илјадници граѓани. Со велешани годинава преазникот го одбележа и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Тој придружуван од неговоро семејство, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и пратеникот Илија Димовски беа на свечена литургија во црквата „Свети Великомаченик Панетелејмон“. Вечерва точно на полноќ се скршија и велигденските јајца. Тие се симбол на Христовото воскресение. Велигден, е суштина на христијанството и силна потврда на верата во Бога. На овој ден смртта е победена, а тој чин му даде силна утеха на човештвото.