„Чувствувам пролет“ – Приредба на средните групи во градинките
Децата од средните групи на сите шест клонови во градинките „Димче Мирчев“ од Велес имаа незаборавна приредба по повод партониот празник на институцијата. Пред многу гости, роднини, пријатели ја изведоа приредбата „Чувствувам пролет“. За приредбата, која се одржа во објект 2, беа подготвени вкупно 11 точки кои публиката ги награди со громогласен аплаус.
Децата од средните групи во градинките, кои се на возраст од околу 5 години, прв пат настапуваат на вака голема сцена и ги надминаа очекувањата.