Оддадена почит за загинатите на „Пуста кула“
Делегации од Општина Велес, Организацијата на резервни офицери на Република Македонија, Сојузот на борците и други присутни денеска положија свежо цвеќе пред споменикот подигнат во слава и чест на припадниците на Народнотоослободителното движење од Велес и велешко кои во 1942 година биле убиени од страна на бугарскиот окупатор на местото познато како Пуста кула. Денешниот настан се поклопува со јубилејот 75 години од формирањето на одредот „Димитар Влахов“.
По овој повод свечено беше кренато државното знаме на 11 метарски јарбол веднаш до споменикот на Пуста кула, а потоа се одржа и свечена академија на која се говореше за формирањето на партизнаскиот одред и неговото значење во Народно ослободителната борба. Од Организација на резервни офицери на Република Македонија кои беа организатори на денешниот настан велат дека со подигнување на знамето ова место ќе добие многу поголемо значење и милионите туристи кои секоја година транзитираат покрај оваа локација ќе можат да го посетат споменикот и да оддадат почит.