Македонско - Чешка изложба во Велес
Во присувство на Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и Амбасадорот на Република Чешка во Р.Македонија, Мирослав Рамеш вечерва е отворена изложбата „Изминување на времето“ од автори од Македонија и Чешка. Љубителите на уметноста имаат можност да погледнат вкупно 33 дела кои ги создадоа шестмина македонски и исто толку чешки уметници.
Изложбата ќе ги помине сите градови низ државата, а Велес е првиот од каде стартува. Токму симбиозата на трудови е уште една потврда на универзалноста и глобалната порака која ја пренесуваат уметниците. Оваа е трета по ред заедничка изложба на уметници од Македонија и од Чешка.