Саем за бизнис и претприемништво во ОСУ „Јовче Тесличков“
Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ денеска го одржа Саемот за бизнис и претприемништво. Учениците на штандови ги претставија нивните виртуелни компании, преку кои дирекно се подготвуваат за влез на пазарот на трудот. Помеѓу присутните гости традиционално беше и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. „Ви честитам за континуитетот и успешното генерациско премостување и преточување на знаења.
На воведувањето на помладите ученици и нивното навлекување на бизнисот. Ви честитам на успешниот професионален избор, затоа што само оној што си ја сака професијата може толку успешно да ја претставува и промовира. Во Вас го гледам економскиот развој на Велес и новото време на успех што ги очекуваат сите граѓани„истакна Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Саемот за бизнис и претприемништво се одржа по деветти пат. Во текот на денешниот ден го посетија и учениците од деветто одделение од Основните училишта кои дирекно се запознаа со наставниот процес и ословите за школување.