Поплочен крак од улица Христо Татарчев

Завршија градежните активости на улицата Христо Татарчев, поранешна Марксова. Со бекатон коцки пополочен е еден крак од оваа улица. Вкупната површина на која се работеше изнесува околу 500 метри квадратни. Прокетот е дел од Програмата за работа на Општина Велес и изнесува 600 000 денри. Уредувањето на пристапната улица значи подобри услови за граѓаните во стамбените единици во тој дел од градот.

Дел од уредената површина дозволува да се користи и за паркинг простор со што ќе се реши и ова прашање. Во наредниот период ќе биде уреден и уште еден крак кој се наоѓа во непосредна близина на овој.