Регионите на конференција за управување со отпад
Градоначалникот на Општина Велес и Претседател на Вардарскиот плански регион Славчо Чадиев, Раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и претставници од овие институции денеска присувствуваа на конференцијата за „Одржливо управување со отпад на регионално ниво“
Пристутните разговараа во делот за Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финасиски самоодржлив систем за управување со отпад во Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Скопскиот регион.
Овој проект започна да се имплементира во декември 2015 година, а треба да заврши истиот месец оваа година.
За Општините и за Регионите управувањето со отпад е голем предизвик. Оптоварувањето на животната средина, штетните влијанија за здравјето и загубата на суровини и енергија се главните проблеми, но истовремено се и предизвици како да се надминат.
Крајната цел е да се направат регионални депонии каде ќе се собира, складира и третира отпадот по сите ЕУ стандарди.
Општина Велес превзема конкретни чекори за надминување на проблемите со отпадот и воедно правилно третирање. Пред само неколку денови започна да функционира Собирен центар за отпад од пакување кој се наоѓа во непосредна близина на градската депонија.