Мото собир со големо дефиле во ВелесAlbums

По осми пат се одржа „Мото парти“ во Велес. И годинава во организација на мото клубот „Носачи на крстот“, а поддржани од Општина Велес. На овогодинешното издание пристигнаа 2000 моторџии од целата држава, но и од соседството. Традиционално се одржа и дефиле по улиците на градот, а делегација од учесниците положи венец пред споменикот на Велешните илинденци.

На Мото собирот се одржаа и натпревари во вешто возење, а тој вообичено завршува со концерт и добра забава.