УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Како многу успешна се покажа Пролетната акција за собирање на габаритен отпад. Од домовите во Велес беа собрани 150м³ отпад што е двојно повеќе од 2016г. кога беа собрани 70м3 габаритен отпад. Собраниот отпад се депонираше на посебно определен простор на градската комунална депонија.
Дел од акцијата беа 112 домаќинства во периодот од 10-ти Март до 10 април 2017г. пријавија во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад.

ЈКП Дервен од овие домаќинства превзема 53 кревети, 26 душеци, 9 троседи, 5 двоседи, 9 фотељи, 6 шифоњери, 1 плакар, 5 регали, 3 витрини, 1 спална, 1 кујна, 10 теписи, 3 кади, 13 врати, дрвениарија, ролетни и многу парчиња ситен мебел.
Истовремено, со акцијата од домаќинствата се собираше и електронски и електричен отпад и тоа: 27 телевизори, 6 компјутери, 10 фрижидери, 4 шпорети, 5 печки, 3 микровални, 2 видеоплеери, 2 машини за перење, 4 бојлери кои се предадени на овластен колективен постапувач.
Овие резултати се доказ дека свеста на граѓаните полека, но сигурно се менува.
Само во првиот квартал на 2017г. од физичките и правните лица се превземени 3,9 тони електричен и електронски отпад.
Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните за нивното учество во акцијата.