„Етно работилници“ во спомен куќите
Денеска официјално започнаа „Етно работилниците“ во спомен куќите во Велес. Оваа година се одржуваат по 9 пат.
Во спомен куќата на Васил Главинов каде се одржува столарска работилница. Во куќата на Рацин младите го учат грнчарскиот занает. Во спомен куќата на ЈХК Џинот е сместена работилницата за изработка на накит, додека во куќата на Касапови е ткајачката работилница. Во рамки на „Етно работилниците“ во куќата на Касапови се одржува „Школа за млади копаничари“. Целта на работилниците е да се оживеат старите занаети по кои во минатото градот бил препознатлив, а денеска се пред изумирање. И оваа година Општина Велес манифестацијата ја организира со помош на здружението на граѓани „Разбој“ и Советот на млади при Општина Велес