Реконструирани сите улици во Мамутчево

Вредноста на проектот изнесува шест милиони денари. Реконструирани се седум улици во ова населено место. Вкупната должина на улиците е 1007 метри. Две улици во должина од 375 метри, лоцирани во центарот, се афалтирани. Останатите пет во должина од 632 метри се бетонирани. Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид во изработката на проектот. Го слушна мислењето и на локалното население.

Од фирмата изведувач потврдија дека во текот на денешниот ден ќе бидат изработени и банкините, за проектот и официјално да биде завршен. Во наредниот период инфраструктирни проекти ќе се раализираат и во уште неколку населени места во Општината. Финансиските средства за реализација на проектот се од ЕУ, администрирани според правилата на Светска банка.